понедељак, 8. април 2024.

22 Март – Светски ден на водата – меѓупредментни цели

 

Учениците од I-a и  IV-б одделение го одбележаа Светскиот ден на водата – 22 Март, преку реализација на меѓупредметни цели – англиски јазик, математика и македонски јазик. Учениците од четврто одделение кажуваа пораки на англиски јазик, учениците од прво одделение истите пораки ги повторуваа со правилна артикулација на гласовите. Заедно учениците решаваа задачи по математика (броење, броеви, собирање и одземање), а потоа ликовно се изразуваа. Учениците ги постигнаа поставените цели преку тимска работа, соработка и комуникација, споделувајќи ги своите знаења, умеења и вештини едни со други.

 

наставници:

Магдалена Бадарова

Маја Атанасовска Спасеска




петак, 5. април 2024.

Работилници во склоп на кампањата „Крени глас протов врсничко насилство“

 

Во февруари и март училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ одржа вкупно 11 работилници на тема „Меѓуврсничко насилство - Булинг“ во централното и подрачното училиште. Опфатени се учениците од VI, VII, VIII и IX одделение, вкупно 161 ученика.  Реализирана е прва едукативна работилница против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“  ги организираше во рамките на едукативна кампања „Крени глас протов врсничко насилство“.

Целта на работилница е да се препознае дете кое е жртва на насилство и да спречи тоа длабоко да влијае на психичкото здравје, но и да се  помогне на дете кое е сторител на насилството. На учениците им се потребни се помош и поддршка да ги пронајдат прифатливите обрасци на однесување и да покажат примерно поведение, а воедно и да се справат со својата лутина или агресија која од некаде ја виделе или почувствувале.

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ




четвртак, 4. април 2024.

Брзо читање и мудро учење

 

        На ден 15.03.2024  учениците од Vг одд.со библиотекарот  имаа активност на темa ,,Брзо читање и мудро учење’’,преку која ги запознаа техниките за брзо читање со високо ниво на разбирање.

библиотекар Александра Милчева




Пролетта ја почнуваме со еко-активности

 

Засади цвет, засади дрво за поубав свет. Чувај ја природата, чисто одржувај ја околината е нашето пролетно мото.

Без водата нема живот. Затоа користи ја мудро. 21 Март е првиот пролетен ден е  посветен на екологијата. Затоа сите ученици од нашето училиште земаа учество во еко-активностите. Учениците од прво и второ ги чистеа училниците и правеа еко-пароли. Учениците од трето до девето го чистеа училишниот двор,  засадуваа цвеќиња и  го украсуваат училишниот двор.

 

одделенски наставник Кети Сталеска

СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

 

        Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-ви март -симболично одбран датум поради трисомија на  21 хромозом.

Во нашето училиште имавме работилници со учениците од Подрачното училиште. Учениците проследија видеа за животот на лицата со Даунов синдром по кои се разви дискусија, а потоа ја искажавме нашата солидарност со пишување на инспиративни пораки и украсување шарени чорапчиња со кои ја подигниваме јавната свест што повеќе да се зборува за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

училишен дефектолог Адријана Кукоска





21 Март - Денот на пролетта и Денот на екологијата

 

        21 Март - Денот на пролетта, кога се буди еколошката свест за грижа и разубавување на нашата околина учениците од IIIб и IIIа одделение го одбележаа со чистење на училишниот двор, полевање на цвеќињата и дрвцата и пишување еколошки пораки кои ќе ни укажат дека секој поединец е одговорен за чување и грижа за убавините што ни ги дала природата,за сите заедно да живеем во чиста и здрава околина.

 одделенски наставник Светлана Жежовска



Меѓународен ден на мајчиниот јазик

 

По повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик учениците од VIII одд.со љубов твореа,презентираа, дебатираа и изработија нагледно средство со цитати за јазикот.

„Јазикот е нашата татковина.“- Блаже Конески

 

библиотекар Александра Милчева




Работилница ,,РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК”

 

     Училишниот дефектолог во соработка со одделенската наставничка Светлана Жежовска и учениците од III-б одделение реализираа инклузивна работилница ,,Ретко е да си редок” за одбележување на Светскиот ден на лицата со ретки болести- 28 февруари. Целта беше да се запознаеме со ретките болести да се подигне свеста за истите и што повеќе меѓусебно да си помагаме и да се почитуваме.

Нашите желби секогаш се насочени кон изнаоѓање на лек за сите ретки болести.

Да го слушнеме на ретките гласот, во тоа е спасот! 

дефектолог Адријана Кукоска



Обработка на лектирата „Касни - Порасни“ од Петре М. Андреевски

 

Учениците од 2-д одделение на 22.02.2024 год. ја обработуваа лектирта „Касни - Порасни“. За таа цел најпрвин реализираа посета до локалното пазарче и маркети каде што: истражуваа, набљудуваа, собираа податоци и ја наполнија корпата со разновидно сезонско овошје.Откако се вратија во училница продолжија со своите тековни активности: ги средуваа своите впечатоци, одговараа на прашања,цртаа,изработија книга, рецитираа под маски и на крај вкусија од овошната салата и свежо цеденото сокче кое им го подготви наставничката.

Целта на часот беше постигната и беше донесен следниот важен

Заклучок : Лекарите велат дека овошјето е извор на витамини важни за нашето здравје!

 одделенски наставник Елена Стојановска




Презентација на тема „БУЛИНГ“

         На ден 8.2.2024 год. училишниот психолог одржа презентација на тема „Меѓуврсничко насилство“ со учениците од VI -a одделение. Презентацијата ја одбележа конструктивната дискусија во која учениците ги изразија своите ставови и видувања во врска со различни начини на решавање на конфликти.

Целта на оваа презентација беше учениците да се запознаат со различни видови на насилство, карактеристики на ученик – насилник, карактеристики на ученик – жртва, како и важноста на улогата на стручните соработници психолог и педагог во спречувањето, справувањето  и прекинувањето на меѓуврсничкото насилство.

 

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

 


понедељак, 1. април 2024.

21 ФЕВРУАРИ-СВЕТСКИ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

 

               Секоја година општина Кисела Вода објавува лиературен и ликовен конкурс каде учениците преку стихови и цртежи ја искажуваат љубовта кон мајчиниот јазик.Темата на овогодинешниот конкурс беше: “Македонскиот збор клокоти, се лее, секој мајчин збор душа грее“. Од нашето училиште ученичката Јована Пешова од 9а одделение под менторство на наставничка Мишевска Љуба, освои прва награда.Свеченото доделување на наградите се одржа во домот на културата Билјана Беличанец во 12 часот.

                                                

Македонскиот збор клокоти, се лее,

     секој мајчин збор душа грее

 

Ние сме народ со најдлабок корен,

стар јазик древен, низ векови воден.

Јазик македонски е библиско име,

вистина, која не може да се сокрие.

 

Јазикот е наше исконско оружје свето,

кое од дедо на внук се предава ко аманет чесно.

Аманетот ќе го чуваме како зеница во око,

нека грмне глас највисоко!

 

Јазикот македонски е богатство наше,

секој Македонец тоа ќе го каже.

Зборови ко бисери тивко што се нижат,

гердани од љубов на сечии врат висат.

 

Зборот македонски како сонце грее,

пишан или усно песна се пее.

Било приказна, сказна или една бајка,

песна за Македонија-нашата мајка.

 

Клокоти изворот на зборот македонски,

жубори се лее, јазикот прадедовски.

Тивка мелодија што секој од нас ја слуша,

милозвучно, гордо како лек за душа.

 

Јазикот е наш темел, наша татковина,

огниште вековно, наша мајковина.

Испраќам порака, секој нека знае, каде и да е:

Се дури сонцето грее, македонска песна ќе се пее!

                                                                              

 9а-Јована Пешова

 ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево

 Ментор: Мишевска Љуба





Извештај од реализраниот училишен натпревар –ШАХ!

 

На ден 5.2.2024 г. (понеделник) во нашето училиште ООУ ,,Рајко Жинзифов“, населба Драчево и подрачното училиште во населба Пинтија  се организираше и се реализираше  училишен натпревар во ШАХ.

            На натпреварот учество зедоа учениците од I до IX одделение  од централното и подрачното училиште. Истиот  го реализиравме во соработка со Ѓорѓи Минов, претседател на Шаховскиот сојуз на град Скопје (ШСГС) и и во својство на соработник  присуствуваше  и  Момчило Лазаревски.

            Натпреварот протече во најдобар ред, а учениците со задоволство одиграа  партии  шах. По пат на елиминација, односно од секој пар ученици подобриот одигра уште една партија со  другиот победник од другиот пар, па така   се избраа најдобрите  ученици. Во својство на судии беа Ѓорѓи Минов и Момчило Лазаревски.

Вкупно 40 ученика ќе го претставуваат нашето училиште, односно  28 ученика од  одделенска настава и  12 ученика од предметна настава. Им посакуваме многу успеси на општинскиот натпревар, кој ќе одржи во конкуренција со другите основни училишта  на ниво на Општина Кисела Вода. За датумот и местото на реализација дополнително, навремено ќе бидеме известени како училиште.

Мануела Маркоска

Наташа Петковска

Горан Петковиќ






среда, 27. март 2024.

Општински натпревар по математика

             На натпреварот што се одржа на 02.02.2023 год, во нашето училиште учествуваа 23 ученици од 5-то до 9-то одделение, од кои ги освоија следниве награди и пофалници:

        Пофалница Луна Јаневска, III награда Даријан Илиовски и II награда Давид Илиоски под менторство на наставник Мануела Маркоска, Саша Кировска II награда под менторство на наставник Наташа Петковска и Лара Ивановска 6-а под менторство на наставник Марина Станоеска.





Извештај од реализираната посета во Планетариум

             На ден 01.02.2024 год. учениците од II-г и II-д одд. од подрачното училиште реализираа посета во Планетариум и ги збогатија своите знаења.

Учениците прошетаа, учеа, другаруваа и поставуваа многу интересни прашања. Предавачот на интересен начин достапен за нивната возраст и љубопитност им објаснуваше за месечината, сонцето, планетите, денот, ноќта. Им раскажа невообичаени приказни за малата и големата мечка, боговите Зевс и Аполон и ред други нови работи кои беа прифатени со задоволство од учениците.

Така среќни и задоволни со многу насмевки и детски џагор го напуштивме Планетариумот, ги збогативме своите знаења со нови информации и создадовме спомени кои ќе траат вечно!




Одговорен наставник:

Елена Стојановска

Валентина Димишковска





Размени честитка, размени насмевка

Кој чекал дочекал. За наша среќа поштарот иако со задоцнување сепак ни ги донесе честитките изработени и испратени од другарчињата од основното училиште во Tabernacle, New Jersey, USA. Денов ќе го помниме по насмевките и врежаниот убав спомен за едно несекојдневно дружење.



Одделенски наставник Кети Сталеска








четвртак, 22. фебруар 2024.

Извештај од Новогодишната приредба II – д одделение

 

    Игриви, певливи и весели преку подготвени Новогодишна драматизација, ритмички кореографии на новогодишни песнички, рецитали  на 28.12.2023 год. учениците од II-д одд.  пред своите родители реализираа Новогодишна приредба преку која ја испратијаа старата година со сета нејзина убавина и со грст желби ја очекуваа Новата година со сите нејзини предизвици што допрва следат.

    Среќни и весели испративме уште една успешна година и го завршивме полугодието онака како што доликува.

    Среќни и весели празници!!!

 

Елена Стојановска




четвртак, 25. јануар 2024.

eTwinning проекти во учебната 2023/2024 година

“Collect and create”                                                                         

Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Шпанија, Грција, Романија, Јордан

            eTwinning проектот “Collect and create”  има за цел да им овозможи на учениците од собрани и рециклирани материјали да креираат забавни игри со цел да ги зајакнат нивните мисловни вештини и комуникацијата во семејството и со пријателите играјќи ги овие игри. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од октомври 2023 до мај 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри од рециклиран материјал, користење на  Web2.0 алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,

Our Movies”                                 

Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Португалија, Полска, Хрватска

            eTwinning проектот “Our Movies”  има за цел да ги научи учениците за различни видови филмови, за луѓето кои се вклучени во процесот на креирање и снимање на филмовите. Учениците ќе можат да создадат свој филм, ке конструираат филмски лик за анимирана приказна. Исто така учениците ќе организираат и филмски фестивал во своите училишта. Ќе ги зајакнат своите креативни  вештини и меѓусебна комуникација со пријателите креирајќи сценарио. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.

Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од ноември 2023 до април 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, пишување сценарио, користење на  Web2.0 алатки за пишување сценарио, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,       

Dive with dolphins”                                                                   

Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Италија, Грција, Шпанија, Хрватска, Србија, Полска

eTwinning проектот “Dive with dolphins”  има за цел да ги поттикне учениците да истражуваат за делфините нивните карактеристики и живеалиште. Училиштата ќе заклучат дека иако се на далечни и различни места во Европа, нивните карактеристики се многу слични и се корисни за да може делфинот да ги насели сите овие средини. Затоа имаме заедничка задача, да се грижиме за оваа средина за да може нашиот делфин да живее во неа. Ќе работиме на различни типови текстови: описи, презентации, информативни и експозитивни текстови, и усно и писмено. Со оглед на карактеристиките на учениците, по можност тие ќе бидат орални. Учениците ќе го именуваат делфинот и ќе „патуваат“ со него, знаејќи ги различните земји каде што ќе застане. На овие постојки ќе научиме за нивните плажи, како  да ги заштититиме и зачувуваме. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.

Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од декември 2023 до април 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, користење на  Web2.0 алатки за пишување сценарио, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички.


наставници по англиски јазик: Магдалена Бадарова и Анета Макревска

понедељак, 22. јануар 2024.

Испитување на различни форми на несоодветно однесување на учениците во ООУ „Рајко Жинзифов“

 

Во текот на првото полугодие во учебната 2023/2024 год. на учениците од VI до IX одделение им беше поделен анкетен прашалник во електронска форма со цел да се испита застапеност на следните три модели на однесување во рамките на паралелките:

1.     модел на негативно и непријателско однесување,

2.     модел на агресивно и неагресивно однесување со кои се загрозени темелните права на другите и непочитување на општествени норми и

3.  модел на насилно однесување во кој постои злоставување или виктимизација на еден ученик од страна на друг ученик или на група на ученици.

Испитувањето е спроведено во централното и подрачното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“. Во истражувањето учествуваа ученици од VI до IX одделение, вкупно 221 испитаника, од кои 100 машки, а 111 женски на возраст од 10 до 14 години. На учениците им е споделен анкетен прашалник во електронска форма за чие пополнување во просек е потребно 30 минути време. Истражувањето е спроведено анонимно на ниво на паралелките, а добиените резултати укажуваат дека во ООУ „Рајко Жинзифов“ постои здрава и безбедна средина за развој на учениците во која децата се заштитени од опаснот и им се задоволени физичките и емоционалните потреби. Во одредени паралелки постои манифестирање на однесување кое се рефлектира со непочитување на правилата во училиштето и/или во домот, како и можност за активно спротиставување на барањата на возрасните, пречуствутелност за туѓите постапки и ретка употреба за навредливи зборови.

            Во училиштето на почетокот на првото полугодие се превземени одредени мерки за превенција на насилно однесување. Поставени се кутии за анонимна пријава на насилтво во централното и подрачното училиште, сè со цел учениците да можат во секое време да пријават несоодветно однесување. Земено е предвид дека постои можност одредени ученици да не се чувствуваат слободно да поднесат анонимна пријава за насилство во хартиена форма, од причина што им се создава дополнитетелен стрес да не бидат видени од страна на другите ученици. Како решение за овој проблем, изготвен е формулар за анонимна пријава на насилство во електронска форма и доставен е до сите ученици од VI до IX одделение со цел да можат во секое време анонимно да пријават било која форма на насилно однесување. Пријавите секојденено ги разгледува училишниот психолог. Во училиштето исто така постои Протокол за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување. Одговорни лица за овој протокол се училишниот педагог Весна Рафеска и училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ.

 

 

Одговорна

училишен психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ